Вие имате прво да ја знаете вистината

Грета Тунберг беше пречекана од фанови и папараци во Глазгов, ја чуваат како Битлси на времето (фото)

Додека светските лидери се подготвуваат да разговараат за климатската криза, Грета Тунберг пристигна во Глазгов пред самитот COP26, пренесува Дејли мејл.

Швеѓанката од Лондон пристигна со воз на главната станица во Глазгов во саботата вечерта околу 18:40 часот. Младата климатска активистка била придружувана од обезбедување, полиција и голем број обожаватели, а била подготвена да им позира на фотографите.

Меѓународната конференција официјално започнува во недела, а за понеделник е најавен самит на 120 високи претставници и шефови на држави.

Се очекува активисти од целиот свет да предизвикаат хаос на самитот за климата, а организаторите очекуваат до 100.000 луѓе на големи демонстрации. Демонстрантите ги повикуваат светските лидери да преземат чекори за да се спречи порастот на глобалните температури за повеќе од 1,5 степени.

Грета Тунберг се очекува да учествува и во демонстрациите за време на двонеделниот самит во Глазгов.

Во организација на Fridays for Future Scotland – шкотскиот огранок на движењето инспириран од неговиот активизам, на 5 ноември ќе одржи марш низ градот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!