Вие имате прво да ја знаете вистината

Мадона се сликаше како Мерлин Монро, фановите бесни

Кралицата на попот, 63-годишната Мадона, беше мета на многу критики откако се претстави како Мерлин Монро. На една од фотографиите таа дури и ја пресоздаде сцената на смртта на најпопуларната русокоса во светот, пишува TMZ.

Пејачката му позираше на фотографот Стивен Клајн за насловната страница на магазинот V, а фотографиите се инспирирани од најновите фотографии на Мерлин Монро, кои многумина ги нарекоа „морбидни“ и „одвратни“.

https://www.instagram.com/p/CVod9b6vKQW/?utm_source=ig_embed&ig_rid=6eaf844c-5f7f-4ca8-a7e3-1b17bf0d242b

На една фотографија Мадона лежи на креветот, свртена кон душекот, а на ноќната маса се гледаат шишиња со апчиња. Оваа фотографија очекувано привлече најголемо внимание, а многумина беа згрозени од темата на споменатата фотографија.

Имаше многу коментари и за претераното уредување на фотографиите бидејќи на некои од нив навистина е тешко да се препознае пејачката.

Сите сме виделе во медиумите како изгледа без фотошоп – стои во еден од коментарите.

Ова е средновечна криза – напиша еден од следбениците на Инстаграм.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!