Вие имате прво да ја знаете вистината

Медведев во чудо: Русинот не може да верува после тоа што Новак му го направи на тренингот (видео)

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се подготвува за јуриш кон шестата титула на Мастерсот во Париз, а како што тоа го прави, еден детал од спаринг мечот е најдобар доказ.

Ѓоковиќ се враќа на теренот по финалето на УС Опен, каде во финалето беше поразен од Данил Медведев. Интересно е што Србинот и Русино тренираат и спарингуваат заедно пред судирите во главниот град на Франција.

Новак Ѓоковиќ и Данил Медведев се сретнаа на теренот на Академијата Муратоглу во Ница како подготовка за последниот турнир од серијата 1000 оваа сезона.

А, на тој подготвителен дуел блесна Новак.

На Твитер профилот на споменатата академија се појави видео на кое се гледа како српски ас со фантастично „лизгање“ на теренот со цврста подлога стигнува до топката, а се беше зачинето со коментар:

Данил Медведев не можеше да поверува дека Ѓоковиќ вака поентираше.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!