Вие имате прво да ја знаете вистината

Наредена итна евакуација на аеродромот: Луѓето брзаат да ги напуштат продавниците, пристигнаа полициски сили (видео)

Патниците на аеродромот Станстед се евакуирани поради потенцијална безбедносна закана на терминалот. Аеродромот Станстед беше делумно евакуиран по извештаите за „сомнителен пакет“ во безбедносната зона на аеродромот. Аеродромските власти соопштија дека поради ова е во тек делумна евакуација на терминалот.

Сведоците опишаа како на луѓето им било наредено да ги напуштат продавниците, кои беа затворени претходно истиот ден.

По пријавата за сомнителниот пакет во безбедносната зона, во тек е делумна евакуација на терминалот. Полицијата во Есекс управува со кризата и наскоро ќе ги даде најновите информации за ситуацијата – твитна аеродромската служба.

Аеродромот Станстед е делумно евакуиран. Луѓето беа замолени да ги напуштат продавниците, оставајќи ги количките и затворајќи ги набрзина – напиша на твитер д-р Давид де Лоренцо.

Сакавме да поминеме преку обезбедувањето и тие не замолија да се вратиме, а потоа да излеземе од терминалот, изјави за Мирор Ајша Умравсинг, која се наоѓа на аеродромот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!