Вие имате прво да ја знаете вистината

Ни короната не им може ништо: Панамскиот канал прави многу пари, руши рекорди

Повеќе од половина милијарда тони стоки поминаа низ Панамскиот канал во фискалната 2021 година.

Тоа е најмногу откако тој клучен светски воден пат почна да прима бродови, објави шефот на управата.

Во 12-месечниот период кој завршува во септември, низ Панамскиот канал поминале 516,7 милиони тони стока, изјави директорот на агенцијата за управување со канали, Рикарте Васкез, пренесе Ројтерс.

Тоа е за 8,7 отсто повеќе во однос на претходната фискална година.

Тоа беше исклучителна година, рече Васкез, истакнувајќи дека каналот за прв пат ја надмина бројката од 500 милиони тони.

Во 12-те месеци до крајот на септември, околу 3,5 отсто од светската поморска трговија, во која доминираат житарките и нафтените деривати, помина низ каналот долг 80 километри што ги поврзува Атлантскиот и Тихиот Океан.

Васкез објасни дека овој рекорд се должи на поголемите бродови кои превезуваат повеќе контејнери и наглото зголемување на обемот на транспорт на течен природен гас во Азија.

Фискалната 2022 година, која почна овој месец, треба да постави нов рекорд, додаде тој, оценувајќи дека до крајот на септември следната година низ каналот треба да поминат околу 535 милиони тони стока.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!