Вие имате прво да ја знаете вистината

Шпионска афера ја тресе Австрија, повторно има руска врска во целиот скандал

Високиот австриски дипломат Јоханес Петерлик, кој неодамна беше сменет од функцијата, е осомничен за објавување доверливи документи поврзани со нервниот агенс новичок.

Петерлик е поврзан и со аферата Скрипаљ, објавија денеска австриските медиуми. Петерлик, амбасадорот во Индонезија, беше сменет од функцијата во средината на октомври, откако против него беше покрената правна постапка, соопшти австриското Министерство за надворешни работи.

Детали за постапката против дипломатот, кој беше генерален секретар на министерството од 2018 до 2020 година, официјално не се соопштени.

Весниците Преса и Стандард, кои имаа пристап до судски информации, објавија дека во октомври 2018 година, Петерлик му предал доверливи документи на поранешен австриски агент, обвинет за шпионажа во корист на Русија.

Документите содржеле информации за формулата на нервниот агенс, развиен во советската ера, како и за труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипаљ во март 2018 година во Англија.

Веќе неколку години скандалите го валкаат угледот на Австрија, земја членка на Европската унија и НАТО, но и блиска до Русија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!