Вие имате прво да ја знаете вистината

Во Њујорк ќе се гради облакодер кој ќе биде свртен наопаку, сите се изненадени од изгледот (фото)

Во Америка беше претставен проект кој се уште е во рана фаза на развој, но веќе го привлече вниманието на јавноста со малку достапни информации.

Имено, беше објавено дека облакодерот планиран да се гради во Њујорк, поточно во западната страна на Менхетен, ќе биде една од највисоките згради на западната хемисфера.

Предвидувањата се дека ќе биде само еден блок од мега проектот на Хадсон Јардс и Хај Лајн. Affirmation Tower ќе има впечатлив конзолен дизајн и ќе се издига до висина од 506 метри, пренесува порталот Construction.

Рендерите покажуваат дека ќе изгледа како стандардна кула превртена наопаку. Проектот го направи компанијата на ганско-британскиот архитект Сер Дејвид Аџаје.

Облакодерот ќе се состои од низа блокови наредени еден врз друг, создавајќи скалест профил кој изгледа како да се шири додека се крева. Висината ќе биде во однос пет спрема еден во однос на основата, каде секое наредно ниво е повисоко од претходното. Блоковите ќе бидат наредени така што најмалите ќе бидат на дното и како што одат кон врвот ќе стануваат се поголеми.

Во облакодерот ќе бидат сместени канцелариски простор, два хотели, седиште на NAACP, платформа за набљудување и лизгалиште.

Покрај Аџаје, тимот кој стои зад предлогот ги вклучува и Peebles Corporation, McKissack Group, Exact Capital и Steven Witkoff. Доколку се изгради, тоа ќе биде вториот облакодер на Аџаје на Менхетен, по станбената кула 130 Вилијам, пишува порталот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!