Вие имате прво да ја знаете вистината

Вучиќ раскажа потресна приказна: Ми се јави и ми рече ќе умрам, српскиот претседател откри како го изгубил пријателот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера гостуваше во емисијата Фокус на Б92 и по тој повод раскажа шокантна приказна за смртта на својот пријател од корона вирусот.

Како што рече српскиот претседателот, тој негов пријател се расправал и се карал со него поради коронавирусот и на крајот се заразил.

Еден мој пријател кој е помлад од мене, ми се јави и рече: Јас ќе умрам од корона и се извини дека се расправаат со мене во врска со короната. Тој почина, рече српскиот претседател.

Тој откри дека во среда ќе ја прими третата доза од вакцината против коронавирус и повторно ги повика луѓето да се вакцинираат.

Да не си играме со здравјето. Набавивме и лек кој чини 400 долари затоа што сакаме да спасиме луѓе – апелираше српскиот претседател Вучиќ.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!