Вие имате прво да ја знаете вистината

Американскиот извештај за коронавирусот ја налути Кина, таа им порача: Лагите и измамите се дел од вашата репутација

Кон крајот на минатата недела, Соединетите Американски Држави објавија додаток на студијата за потеклото на коронавирусот, во која се истакнува дека постојат две можни хипотези – првата е дека вирусот настанал природно, додека втората е дека е создаден во лабораторија. Се посочува и дека вистинската вистина веројатно никогаш нема да се дознае и да излезе во јавност. Секако, ова е „заклучок“ кој остава отворени многу прашања и можности.

Извештајот на американското разузнавање во кој се споменува можноста дека вирусот потекнува од лабораторија не е веродостоен, изјави Ванг Венбин. Во ажурираниот брифинг на американското разузнавање, објавен во саботата, се вели дека вистината можеби никогаш нема да се дознае.

Кинеското Министерство за надворешни работи наведува дека илјада пати повторените лаги сè се уште лага, додавајќи дека американските разузнавачки служби „имаат репутација на лажење и измама“.

Кина постојано ги негираше наводите дека вирусот произлегува од специјализирана лабораторија во Вухан, каде што Ковид-19 првпат беше идентификуван кон крајот на 2019 година. Ванг, исто така, ги повтори кинеските повици до Соединетите Американски Држави да отворат своја лабораторија во Форт Детрик со меѓународни експерти.

Заедничката студија на Кина и Светската здравствена организација (СЗО) објавена оваа година, ја отфрли теоријата дека Ковид-19 потекнува од лабораторија, велејќи дека најверојатната хипотеза е дека тој ги инфицирал луѓето природно, веројатно преку трговија со диви животни на пазарите во Вухан.

Критичарите рекоа дека студијата не успеала да ги истражи лабораториите во Вухан и не ги испитала необработените податоци потребни за да се разберат раните патишта на пренос на вирусот.

СЗО минатиот месец формираше нова научна советодавна група за потеклото на новите патогени и ја повика Кина да обезбеди необработени податоци за да помогне во какви било нови истраги. Кина одби, наведувајќи ги правилата за приватност на пациентите.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!