Вие имате прво да ја знаете вистината

Бон Џови позитивен на коронавирус!

Џон Бон Џови е позитивен на коронавирус, поради што го откажа концертот во Мајами. Претставникот на Бон Џови изјави дека музичарот се чувствува добро и дека претходно бил вакциниран.

Имено, тој требаше да одржи концерт со бендот по повод Ноќта на вештерките. Непосредно пред настапот, братот на Џон, Мет излезе на сцената и им кажа на посетителите на концертот дека пејачот е позитивен на коронавирусот и дека нема да настапи.

Американските медиуми пишуваат дека членовите на бендот морале да бидат тестирани со брзи антигенски тестови пред концертот. Дел од бендот кој беше негативен го одржа својот дел од настапот пред публиката во Мајами.

Минатата година, клавијатуристот на бендот Дејвид Брајан исто така се зарази со коронавирус. Тој потоа им порача на фановите на социјалните мрежи дека не треба да се плашат од коронавирусот, тој исто така додаде дека луѓето треба да бидат обединети за што полесно да се надмине пандемијата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!