Вие имате прво да ја знаете вистината

Данела слави со бела чао на Бранко Црвенковски, а “Даниела” слави со Ленин од Ноќните волци “на Путин” во Македонија (видео)

На вчерашните локални избори во Македонија главната битка се водеше за градоначалник на градот Скопје. Во вториот круг на изборите, независниот кандидат, со поддршка на ВМРО ДПМНЕ, Данела Арсовска ја зголеми предноста од првиот круг и го порази кандидатот на власта и на СДСМ, Петре Шилегов.

Данела ја прослави победата со “трубачи” и со легендарната италијанска песна која беше заштитетн знак на Отпорот на Бранко Црвенковски, Бела Чао, а во ноќта на прославата веднаш до Данела ( како што може да се види од видеото) е членот и водачпт на Ноќните Волци во Македонија, кои важат за блиски до рускиот претседател, Владимир Путин-Ленин Јовановски.

Самата кампања на Данела беше полна со неразјаснети или неодговорени прашања. Од нејзината функција на почесен конзул на Унгарија на Виктор Орбан, каде политички азил доби Никола Груевски, до учество на луѓе блиски на Бранко Црвенковски во нејзината кампања. Во дебатата на МРТВ не беше одговорено ниту на прашањето на кандидатот за градоначалник на Скопје, Владимир Трајковски, од Родина дали братот на Игор Ивановски Шема ( или мали БЦ како го нарече Трајковски ) бил шеф на штабот на Данела!?

Во поздравниот говор по победата, Данела Арсовска истакна дека на овие избори ги победила и против кандидатот Петре Шилегов, но и дека го испратила во пензија и премиерот Зоран Заев, што ќе рече дека таа се чуствува како апсолутен победник на изборите, а нејзината изјава може да се толкува дека нејзините амбиции нема да се задоволат само со крпење на скопските улици.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!