Вие имате прво да ја знаете вистината

Зошто Ердоган итно се врати во Турција и не отпатува на климатската конференција во Глазгов!?

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се врати во Турција по бројните состаноци одржани во рамките на самитот на G-20 во Рим, Италија.

Авионот во кои патуваше Ердоган и неговата делегација слета на аеродромот Ататурк во Истанбул во 12:20 часот по локално време.

Ердоган на аеродромот беше пречекан од гувернерот на Истанбул, Али Јерликаја и други официјални лица.

На маргините на самитот во Рим, турскиот претседател оствари билатерални средби со повеќе официјални претставници, помеѓу кои и претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден и германската канцеларка во заминување, Ангела Меркел.

Според Ројтерс, Ердоган го откажал патувањето во Велика Британија бидејќи оваа земја не ги исполнила барањата на Анкара во однос на безбедносните протоколи.

Еден функционер, кој сакаше да остане анонимен, изјави за Ројтерс дека има проблеми со протоколот во врска со планираното присуство на претседателот на состанокот. 

Друг турски функционер изјави дека британските власти не ги исполниле протоколите и безбедносните барања на Турција.

Неговото враќање во Турција значи дека Ердоган нема да учествува на климатската конференција во Глазгов.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!