Вие имате прво да ја знаете вистината

Иран ја отфрли изјавата на западните земји за нивната нуклеарна програма на Г-20 самитот во Рим, кажувајќи дека „не ја одразува реалноста“

Техеран денеска ја отфрли заедничката изјава на лидерите на четирите западни земји од маргините на состанокот на G-20 во Рим на кои се зборуваше за иранската нуклеарна програма.

Иран јасно кажа дека позицијата на западните лидери „не ја одразува реалноста“ и го потврди мировниот карактер во развојот на нивната нуклеарна програма.

Лидерите на САД, Франција, Германија и Обединетото Кралство изразија „длабока загриженост“ за иранските нуклеарни активности и го повикаа Техеран да „го промени курсот“.

Преговорите помеѓу Иран и европските земји кои потпишаа нуклеарен договор со Техеран во 2015 година се во застој од јуни, а додека САД еднострано се откажаа од договорот.

Иран, кој инсистира на развој на нуклеарна програма исклучиво од мировни карактери и цели, ги прекрши ограничувањата за збогатување со ураниум, што е спротивно поставено од договорот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!