Вие имате прво да ја знаете вистината

По одличниот натпревар на дербито против Рома, Ибрахимовиќ објави интересна фотографија на социјалните мрежи (фото)

Златан Ибрахимовиќ успешно го предводеше Милан до победа во 11. коло од Серија А на Олимпико против Рома, со одличен гол од слободен удар, а подоцна и пенал, каде Росонерите издвојуваа победа со резлутат 2:1.

По натпреварот легендарниот Ибра на социјалните мрежи остави мало потсетување за своите години, кои не се малку, но очигледно за него годините се само бројка и не му пречи се уште да има блескави игри.

Ибрахимовиќ објави слика од натпреварот во Рим на која се гледаат само неговите копачки со натпис „Златан 40“, алудирајќи на неговите 40 години, а во описот на фотографијата кратко напиша: Потсетување.

Ибрахимовиќ веднаш по постигнатиот вториот гол на Милан ја напушти играта, а и тие помалку од еден час кои ги помина на теренот беа доволни мајсторот да го реши натпреварот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!