Вие имате прво да ја знаете вистината

Путин: Русија ќе реагира на обидите да се наруши „стратешката еднаквост“

Русија ќе реагира на обидите на другите држави да ја нарушат „стратешката еднаквост“, изјави претседателот Владимир Путин денеска, мислејќи на глобалниот систем за противракетна одбрана распореден од Соединетите Американски Држави и нивните сојузници.

Русија е загрижена дека ефикасната ракетна одбрана ќе им овозможи на нејзините западни ривали да се откажат од меѓусебно договорената воена доктрина која со децении ги спречува нуклеарните суперсили да се напаѓаат едни со други.

Ние многу добро знаеме дека некои од нашите странски колеги нема да престанат да се обидуваат да го нарушат овој договор, вклучително и со поставувањето на елементи на глобалната ракетна одбрана во непосредна близина на нашите граници, изјави Путин на состанокот со воените команданти.

Не можеме да ги игнорираме овие закани за руската безбедност и ќе одговориме на нив адекватно, додаде тој во својата изјава.

Путин нагласи и дека учеството на командниот брод на американската морнарица „Маунт Витни“ во вежбите на НАТО во Црното Море е дел од трендот на поширока воена активност на Западот во близина на руските граници, на што Путин одговори:

Можеме да го видиме преку двоглед или низ нишанот на соодветните одбранбени системи.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!