Вие имате прво да ја знаете вистината

Антонио Конте слета во Лондон, дали ќе го имаме трансферот на есента?

Италијанскиот стручњак Антонио Конте слета во Лондон каде ќе потпише договор со Тотенхем, пренесува Sky Sport.

Станува збор за двегодишна соработка која ќе го задржи Конте во Англија до летото 2023 година.

Во текот на летото тој одби да ги преземе Спарси, кои како алтернатива го ангажираа Нуно Еспирито Санто.

Сепак, португалскиот стручњак доби отказ по поразот од Манчестер Јунајтед, а Конте се предомисли. Наводно, плановите на Тотенхем во зимскиот преоден рок имале најголем удел во тоа.

Сега нема дилеми дека Конте ќе го преземе лондонскиот клуб, иако веќе се гледаше како замена за Оле Гунар Солскјер. Норвежанецот се уште не добил отказ, а се чини дека поранешниот стратег на Јувентус го загуби трпението.

Конте последен пат го предводеше Интер со кого минатата сезона ја освои Серија А, а летово ја прекина соработката.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!