Вие имате прво да ја знаете вистината

Апсолутен рекордер, овој познат политичар во Русија примил шест дози од вакцината против Ковид-19!

Лидерот на Либерално-демократската партија на Русија, Владимир Жириновски, објави дека досега примил шест дози вакцини против корона вирусот.

Бев еден од првите во Русија што се вакцинираа против корона вирусот. Првата доза Спутник ја примив на почетокот на септември 2020 година, изјави Жириновски, нагласувајќи дека досега примил шест дози на вакцина против Ковид 19.

По неколку месеци, нивото на антитела се намали и лекарите ми препорачаа да добијам „бустер“ доза. Примив „Sputnik Light“, изјави политичарот.

Потоа, на крајот на летото 2021 година, примил уште две дози од вакцината „Ковивак“ од Центарот „Чумакова“.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!