Вие имате прво да ја знаете вистината

Георгина објави фотографија од ултразвук, коментарот на Роналдо собра илјадници лајкови (фото)

Кристијано Роналдо (36) и неговата свршеница Георгина Родригез (27) неодамна објавија дека нивното семејство ќе стане побогато за уште два члена. Имено, Георгина е бремена со близнаци, а среќната вест им ја потврдија и на фановите на Инстаграм пред неколку дена.

Пресреќни сме што можеме да објавиме дека очекуваме близнаци. Нашите срца се полни со љубов и едвај чекаме да се запознаеме. Благословени сме, напиша тогаш на неговата фотографија Роналдо.

Георгина денеска објави фотографија од ултразвук, а фудбалерот веднаш одговори во коментарите.

Нестрплива, напиша на фотографија од гинеколошката ординација на која ја поддржуваа и децата на Роналдо.

Роналдо е меѓу првите кои коментираше на фотографија под која остави емоуџи со скрстени раце, а неговиот коментар за само два часа им се допадна на повеќе од 5.500 корисници на Инстаграм.

Избраничката на Роналдо наводно е бремена во 12-та недела, па близнаците треба да пристигнат некаде во раната пролет. Веста за проширувањето на семејството изненади многумина, иако и самата Родригез често изразуваше желба да има уште деца. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!