Вие имате прво да ја знаете вистината

Губењето на сетилото за вкус и мирис, кашлица, гушење, несоница, депресија, илјадници пациенти се очајни и страдаат од постковид симптоми

Повеќе од неколку милиони луѓе се заразени со коронавирусот на Балканот. Но, не е познат бројот на оние кои страдаат од симптоми на постковид. Како што има различни симптоми за време на болеста, така и оздравените пациенти страдаат од различни последици. Поради тоа, некои болници остануваат во контакт со оние кои биле подложени на коронавирусот и по напуштањето на лекувањето на болниците.

Весна Новаковиќ се зарази со коронавирусот во ноември минатата година. Во клиниката за лекување од Ковид и препорачале да користи само суплементи, бидејќи имала полесна клиничка слика. Во исто време, Горан Ергарац беше заразен со коронавирусот, тој се бранеше од коронавирусот со антибиотици. Двајцата оздравиле, а Весна, како што кажува таа, неколку месеци подоцна го изгубила сетилото за вкус и затоа ги исфрлила јајцата и кромидот од нејзината исхраната, а исто така имала и проблем со меморијата.

Поминаа шест месеци откако бев заразена со коронавирусот, а по тоа време забележав проблем со концентрацијата и меморијата. На некои од зборовите што ги користам во секојдневниот говор не можам да се сетам и потоа морам да барам друг начини да ги објаснам – изјавува Весна Новаковиќ.

Горан изјавува дека покрај симптомите кои ги имала Весна, тој имал и проблеми со срцебиењето, депресивна состојба, слаба циркулација, а рацете и нозете му биле често вкочанети.

Прво ги забележав симптомите на кошмарот кој често го доживував. Другите симптоми вклучуваат губење на расположението и депресивно однесување. Од фаза на добро расположение и весел тон те наведува и да плачеш поради нешто што се случило во минатото како и губење на концентрацијата – изјави Горан Ергарац.

Губењето на чувството за вкус и мирис, опаѓањето на косата, гушење, кашлица, анксиозност, несоница, проблеми со меморијата, се само дел од симптомите со кои треба да се справат пациентите кои заболеле од коронавирусот.

Она што лекарите го сфатија е дека коронавирусот може да предизвика различни клинички слики кај секој човек, па дури и различно закрепнување после заразувањето. Клиниката за белодробни заболувања два пати се најде во ковид системот. Тие сега се занимаваат со постковидни пациенти кои имаат проблеми со белите дробови. Доволно е само упатството од матичниот лекар.

Многу е важно каква е спирометријата, но и колкав е дифузиониот капацитет на белите дробови. Дали е зачувана фината размена на кислород и јаглерод диоксид или пак е оштетена. Кога сето ова ќе го погледнеме со лабораториска обработка, тогаш дополнително му препорачуваме некоја терапија на пациентот – објасни д-р Михаило Стјепановиќ, директор на Клиниката за пулмологија КЦС во соседна Србија.

И додека секојдневно слушаме како вирусот постојано мутира, а новите соеви се закануваат со позаразни и потешки симптоми, лекарите и пациентите се обидуваат да ги решат сите сомнежи кои постојат. Сè уште не се знае многу за Ковид 19, а закрепнувањето се чини дека е уште понепознато за многумина.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!