Вие имате прво да ја знаете вистината

Хари Потер му донесе богатство и слава – а тој богатството го потроши на луксузни автомобили, пијалоци и жени!

Кариерата на актерот Девон Мари, кој ја глумеше улогата на Шејмус Финеган во серијата филмови за Хари Потер, му бележи нагорна патека благодарение на популарноста на филмот.

Секако тоа беше случај и со неговите колеги кои играа поголеми улоги во култната филмска франшиза, како Даниел Редклиф, Ема Вотсон и Руперт Гринт, но разликата од нив и Мари е дека никој како него не ги потроши толку брзо заработените пари од Хари Потер.

Како што претходно објавија британските медиуми, актерот своето богатство кое изнесувало еден милион фунти, го потрошил на жени, скапи автомобили и пијалоци.

Неговите излегувања беа откриени кога Девон беше тужен од агентот Нил Брукс во 2016 година за неисплатена плата за осум филмови на Хари Потер во кои тој учествуваше.

Во тоа време, судијата Мајкл Мориарти изјави како Девон потрошил милион фунти на луксузни автомобили, скапи пијалоци и девојки.

Сепак, Девон го негираше ова кога изјави: Имаше многу ужасни работи во кои инвестирав пари. Купив многу коњи во тоа време… но купив и имот. Не беа само жени, автомобили и пијалоци.

https://www.instagram.com/p/CDcRjKXgZUS/?utm_source=ig_web_copy_link

Девон, кој имаше само 12 години кога првпат ја добил улогата на Шејмус Финеган во првиот филм „Хари Потер и каменот на волшебникот“, сега води пристоен живот, бидејќи на почетокот на оваа година доби син со сопругата Шенон.

https://www.instagram.com/p/CLJ9G7NAUUJ/?utm_source=ig_web_copy_link

Актерот во февруари оваа година на својот Инстаграм профил напиша дека неговиот живот засекогаш се променил.

Шенон го роди прекрасното момче Купер Мајкл Мари. Сега и двајцата се добро по породувањето, кое траеше неколку часа и имаше неколку критични минути. Едвај чекам да ги направам најубавите спомени со моето семејство, напиша Девон, додавајќи дека неговата сопруга е вистински херој.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!