Вие имате прво да ја знаете вистината

Летечки такси во Милано од 2026 година, ќе полетува како хеликоптер (видео)

Милано заедно со Кортина ќе биде домаќин на Зимските олимписки игри во 2026 година, а летечките такси возила веќе треба да бидат подготвени и пуштени во употреба за таа прилика. Градот Милано потпиша договор со агенцијата која стопанисува со аеродромите Линате и Малпенса, но и со „Скајспортс“, компанија која дизајнира ваков вид на транспорт и вертикални аеродроми т.е. хелиодроми.

Ќе полетува исто како хеликоптер, вертикално, ќе биде на струја како Evtol (eVTOL) и ќе носи од две до четири лица.

Ќе има и батерии благодарение на кои нема да има загадување на воздухот, што ќе придонесе за зачувување на животната средина. Тие исто така треба да помогнат да се намали гужвата која е исклучително голема во Милано, а се очекува да биде уште поголема за време на Олимпијадата во 2026 година.

Летечкото такси ќе се движи со брзина од околу 290 километри на час, а на надморска височина од 300 и 600 метри.

Милано е најважниот италијански град по индустрија, бизнис и економија а со ова потврдува дека прави големи чекори кон иднината.

„Si“, компанија која стопанисува со аеродромите во Италија, најави почеток на соработка со „Скајспортс“ за изградбата на летечки такси.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!