Вие имате прво да ја знаете вистината

Многу лоши вести за Барселона и Кун Агуеро, сите се молат за неговото здравје

Фудбалскиот клуб Барселона уште еднаш објави информации за ситуацијата со здравствената состојба на Серхио Агуеро.

Аргентинскиот напаѓач на мечот со Алавес се фати за градите, по што го заврши натпреварот и беше примен во болница.

Агуеро е примен кај д-р Бургаде на дијагностички и терапевтски третман. Тој во моментов е недостапен за селекција во тимот и во текот на следните три месеци ќе се оценува ефикасноста на третманот за да се процени процесот на закрепнување, се вели во соопштението на каталонскиот клуб.

Поранешниот напаѓач на Сити преплаши многумина кога во 38. минута се фати за гради и се пожали на болки. Не можел да дише и паднал на тревата.

Утрото потоа се огласи Барселона и потврди дека Аргентинецот не се чувствува добро.

Агуеро почувствува непријатност во градите и беше примен во болница на преглед на срцето, соопштија од клубот.

Сега никој не може да даде попрецизни информации, но можеби враќањето на теренот во овој случај не е толку важно колку што е важно Агуеро да биде добро, иако извори од неговата родна Аргентина велат дека е тој психички скршен и исплашен за продолжувањето на неговата кариера.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!