Вие имате прво да ја знаете вистината

Никшиќ за оставката на премиерот: Заев е директна жртва на лицемерната политика на ЕУ во таа држава

Претседателот на СДП во БиХ, Нермин Никшиќ, реагираше на оставката на Зоран Заев како премиер на Северна Македонија, како и за оставката на челната позиција во СДСМ, наведувајќи дека на тој начин ја презел целата одговорност за поразот на локалните избори во својата држава.

Зоран Заев, мојот пријател, ја презеде целосната одговорност за поразот на неговата партија на локалните избори, па поднесе оставка како претседател на СДСМ и премиер на Северна Македонија – изјави претседателот на СДП во БиХ, Нермин Никшиќ.

Коментирајќи го епилогот од нашите локални избори, Никшиќ кажува дека Заев отсекогаш покажувал дека интересот на граѓаните на Северна Македонија е на прво место и не ја пропуштил можноста да покаже колку ја сака и цени Босна и Херцеговина.

Со својата оставка го потврди она што отсекогаш го знаев за него, а тоа е дека е еден од најморалните политичари т.е. лидери на територија на поранешна Југославија. Зоран Заев и СДСМ се директни жртви на катастрофалната и лицемерна политика на Европската Унија во таа држава, но и во целиот регион. Без да навлегуваме кој и на кој начин ќе го замени, Зоран ќе остане запаметен како храбар човек. Политичар кој се бореше со сите македонски проблеми кои со децении беа туркани под тепих, со кои неговите националистички претходници не смееја ниту да разговараат за проблемите- изјави Никшиќ.

Според него, најверојатно најмногу Заев го чинело иницијативата за решавање на деценискиот спор со Грција и решението за промена на името во Северна Македонија, но за таков потег, како што истакнува Никшиќ, била потребна храброст.

Затоа што, слободно може да се каже, судбина на социјалдемократите е таква, не само во нашиот регион, туку и во светот. Се обидувате да решавате долгогодишни проблеми кои ќе донесат напредок и просперитет на граѓаните, бидејќи националистите не се навикнати да решаваат проблеми, туку да бидат на безбедно растојание од кое фрлаат популистички бомби и на тој начин ја кријат вистинската состојба на работите во државата. А за решавање на проблемите на граѓаните добивате казна на избори. Како СДП во Босна и Херцеговина во 2014 година – напиша претседателот на СДП на неговиот Фејсбук профил.

Како што тврди, жртва на таа судбина е и Зоран Заев, но неговата жртва нема да биде залудна.

Благодарение на неговата политика и резултатите од работата, Северна Македонија е следна на листата земји од регионот за влез во Европската Унија, нешто за што ние во Босна и Херцеговина можеме само да сонуваме. Беше чест да се работи политички со Зоран Заев, човек кој вистински ја сака Босна и Херцеговина. За мене е уште поголема чест да останам пријател со овој човек засекогаш – заклучи лидерот на СДП.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!