Вие имате прво да ја знаете вистината

На овој начин се докажа дека Мирослав Илиќ има вонбрачен син, за проверка се потребни 15 генски маркери

Мирјана Антоновиќ, поранешната љубовница на Мирослав Илиќ, со години е на суд поради тврдењето дека нејзиниот син Девин Антоновиќ е биолошки наследник на популарниот балкански пејач, што било докажано со ДНК анализа, за која Илиќ не сакал ни да слушне.

Биологот Весна Вуловиќ за телевизијата Курир објаснува за тоа колку тестирањето е доверливо и за колкав процент станува збор, но и колку често се прават ваков вид на тестирања во соседна Србија.

Тоа е молекуларна, генетска анализа. Тоа е најсигурен начин да се дознае потеклото, односно дали родителите се навистина биолошки родители, објаснува биологот.

Таа додава дека барањата најчесто се на оние кои сакаат да го докажат своето потекло и да го отстранат сомнежот од секојдневието.

Овде не станува збор за бројот на хромозоми, туку за многу пофини структури. Кога зборуваме за ваков вид на анализа, зборуваме за анализа и структура на самата молекула. Кога имаме хематолошка анализа ги броиме клетките, но кога правиме биохемиска анализа го одредуваме присуството на хемиски елементи, додава Вуловиќ.

Таа нагласува дека имаме 46 молекули на ДНК, од кои наследуваме по 23 од двата родители, што не прави единствени.

Тоа секако е основ за понатамошната анализа. Што се однесува до утврдувањето на татковството, имаме некој делови на ДНК молекулите кој се доста конзервативни, односно тоа значи дека тие не се менуваат и знаеме кој се разликите помеѓу биолошкиот родител и детето. Кај обичните ДНК тестови за некој 15 генетски молекули се проверува кај едниот и кај другиот, таа проверка е потполно точна, односо 99,9 отсто точност. Не смее да има разлика во три генетски материи, нагласи биологот и додаде дека се зимаат точни брисови од двете личности.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!