Вие имате прво да ја знаете вистината

Покрај Црното море, Турција на 26 нови копнени локации пронајде резерви на нафта со голема вредност

Турскиот министер за енергетика и природни ресурси, Фатих Донмез изјави дека покрај откритијата на резерви со нафта во Црното Море, оваа година Турција на 26 локации на копно има пронајдени резерви на нафта со голема и значајна вредност.

Донмез денеска во Анкара го претстави буџетскиот план на министерството за 2022 година пред Комитетот за план и буџет на Големото национално собрание на Република Турција.

Зборувајќи за употребата на гас во Турција во изминатиот период, Донмез изјави дека гасот се користел само во пет градови во Турција во 2000-тите а денеска се користи во 82 отсто од населените места.

Денеска природен гас се испорачува во сите наши провинција односно во 81 провинција како и во 604 области. Бројот на корисници на гас во 2000-тите беше 1,3 милиони жители, додека денес тој број се искачи на 17,9 милиони жители или 82 отсто од населението на нашата земја доби можност да користи гас, а во моментов 56 милиони луѓе активно користат гас, изјави Донмез.

Тој зборуваше и за истражувањата на јаглеводороди и тековните напори за производство.

Во нашите поморски области се завршени 15 бунари со наши национални бродови. Во нашите копнени подрачја за девет месеци беа ископани 99 бунари, а беше направено околу 224.000 метри дупчење во земјата, изјави Донмез, додавајќи:

Покрај откритијата во Црното Море на нафта, годинава на 26 локации на копно најдовме резерви во вредност од 26 милиони барели нафта.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!