Вие имате прво да ја знаете вистината

Синот на Марина Туцаковиќ: Вистината за скандалот на погребот на мајка ми!

Милан Радуловиќ, како што најави претходно, проговори по 40 дена од смртта на неговата мајка Марина Туцаковиќ.

Тој на погребот наводно барал од вдовицата на воениот злосторник Жељко Ражнатовиќ Аркан – Светлана Ражнатовиќ, Саша Матиќ и Милан Калиниќ да не се приближува до гробот, што крена голема прашина во јавноста, а сега објасни зошто така реагирал .

Работата беше многу едноставна: го одредивме кругот на најблиските кои ќе бидеме во капелата, а пред тоа луѓето доаѓаа да изразат сочувство. И ги замоливме да ги следат правилата – без ракување и бакнување, без бакнување на ковчегот и сè останато. Имавме секако обезбедување кое им го кажа тоа, а луѓето сето тоа го послушаа. Во еден момент се појави свештеник, и ја затворивме капелата и богослуживме во затворен круг – изјави Милан, а пренесуваат медиумите во Србија.

Тој исто така додаде:

После тоа започнува поворката и самиот погреб, всушност, додека не заврши процесот, се појавив пред насобраната маса од луѓе, немаше многу луѓе, а само ги замолив да остават цвеќе, и да се приближиме до гробот, се разбира, и да се збогуваме со Марина во моментот кога ќе заврши целата церемонија. И тоа беше тоа. Воопшто не ги прочитав тие приказни за скандал со погреб, само читав што ми пратија некои луѓе. Потоа во еден момент објавив на твитер, за моите пријатели кои тоа ми го испратија, да немаат стрес и да не се нервираат и дека нема да доживеам некој стрес и нервоза, кои не ми требаат таму, изјави тој.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!