Вие имате прво да ја знаете вистината

Ситуацијата во Кабул никако да се смири: силни експлозии одекнаа во воена болница, најмалку 15 загинати!?

Талибанските власти не го коментираа инцидентот, ниту пак некој презеде одговорност за него.

Најмалку две силни експлозии, проследени со истрели, одекнаа во денеска во близина на воената болница во главниот град на Авганистан, Кабул, изјавија очевидци.

Внатре сум во болницата, слушнавме силна експлозија на првиот контролен пункт до болницата, но слушнав и истрели – изјавил за агенцијата FrancePress медицински извор од болницата. Неколку минути подоцна се слушнала уште една експлозија.

Според медиумите, во експлозиите загинале најмалку 15 лица, а 34 се повредени.

Експлозијата се случила во близина на воената болница „Сардар Мухамед Дауд Кан“.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!