Вие имате прво да ја знаете вистината

Вучиќ од Глазгов: Ако човештвото ја загуби битката за животната средина, ништо нема да им остане на нашите деца

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека Србија знае кои се нејзините цели во борбата против климатските промени.

Вучиќ посочи дека сите се согласуваат дека мора да се инвестира во животната средина и во борбата против климатските промени, обраќајќи се на собирот на шефови на држави и влади.

Сите се согласуваме дека идните генерации мора да се едуцираат за да не ги повторат грешките што ги направивме ние на единствената планета што ја имаме. Ако човештвото ја загуби битката за животната средина, ништо нема да им остане на нашите деца – додаде Вучиќ во своето обраќање на Самитот на лидери за климатски промени – COP26 во Глазгов.

Тој додаде дека му е чест што Србија е една од ретките претставници на источноевропската група земји на собирот во Велика Британија. Да напоменеме дека и нашиот претседател Стево Пендаровски е дел од Самитот во Глазгов.

Потсети дека Србија е потписник и на Парискиот договор за ублажување на климатските промени, со цел да придонесе за намалување на ефектот на стаклена градина, што, додаде, е клучен дел од договорот, кој некои земји се уште не го постигнале.

Цврсто веруваме дека ова е одлична можност Србија да придонесе за финализирање на договорот, кој се надеваме дека ќе се подобри во однос на Парискиот договор – изјави Вучиќ.

Претседателот на Србија посочи дека како резултат на тоа Србија сака да се прилагоди до 2050 година преку нови индустрии и нови работни места, со цел да се намали ефектот на стаклена градина.

Тој посочи дека „зелениот план“ на Србија е во голема мера поврзан со економската стабилност на земјата.

Тој додаде дека Србија ќе издаде и зелени обврзници, што ќе придонесе за зачувување и напредок на економијата.

Сите знаеме кои се нашите цели, кои за некои се бајка, но мора да работиме на нив и да бидеме искрени еден со друг. Се зависи од спроведувањето на овие планови во Србија. Вилијам Шекспир рекол дека треба да се пишува за оние кои слушаат. Време е да слушаме, ако не слушаме, нема да им остане ништо на нашите деца – изјави Вучиќ.

Тој ги посочи и прашањата за кои секој треба да размислува посериозно, а некои од нив треба да дадат одговор за каматната стапка, како да се пристапи до каматните фондови, како да се третираат нуклеарните централи, како да се градат обновливи извори на енергија.

Како ќе ги решиме системите за јавен долг, како ќе ги третираме цените на природниот гас – праша Вучиќ.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!