Вие имате прво да ја знаете вистината

За Џенифер Лопез важи правилото, годините се само бројка! Латино дивата ги маѓепса фановите во блескава комбинација преставувајќи ги новите DSW чизми (фото)

Латино дивата позираше во сребрено мини здолниште со висок шлиц и горен дел, а целата комбинација ја заокружи со долги светкави розови чизми.

Џенифер Лопез продолжува да маѓепсува со својот изглед, овој пат позирајќи со блескава комбинација во ритамот на песната „Big Energy“.

Лопез секогаш привлекува внимание, без разлика дали е на црвениот тепих или пак позира за насловните страници како и извршувајќи ги секојдневните обврски во лежерна комбинација, таа секогаш го привлекува вниманието.

https://www.instagram.com/p/CVlYgTPMKwA/?utm_source=ig_web_copy_link

Таа овој пат на својот Инстаграм профил објави видео на кое позира претставувајќи ги новите чизми на брендот „DSW“ и уште еднаш покажа дека и на 52 години изгледа заносно.

Лопез претстави нови чизми кои се достапни во две бои – розова и сребрена. Цената на новите J.Lo. чизми чини 129,99 долари.

На крајот на септември пејачката претстави парчиња од новата линија Ј-Lo за есента 2021 година на овој бренд, објавувајќи микс од сезонски чевли по цена која одговара на сечиј паричник – од 40 до 160 долари.

Лопез е вечна модна инспирација, а јавноста редовно ја воодушевува со модни комбинации на облека, па не е ни чудо што соработува и промовира со бројни модни брендови.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!