Вие имате прво да ја знаете вистината

Се “врати од мртвите”, а Ајакс подготвува бомба и го враќа назад во своите редови: Ериксен на чекор од голем трансфер!?

Откако падна на теренот на репрезентативниот натпреварот против Финска, а лекарите на репрезентацијата му го спасија животот, кариерата на фудбалерот Кристијан Ериксен е под голем знак прашалник и будното око на целата јавноста.

Играчот од средниот ред на Интер, бидејќи по проблемот на Европското првенство му беше поставен дефибрилатор, па според правилата и прописите во Италија кариерата не може да ја продолжи во Интер, но се појави друга опција.

„Кориере дело Спорт“ пренесува дека Ајакс е заинтересиран да го доведе Ериксен во својот состав, доколку се покаже дека нема да има потешкотии во иднина, што значи дека ќе следат лекарски прегледи и проверки. Доколку Ајакс успее да се засили, нивниот нов напад, во кој веќе ги имаат Тадиќ, Бергвајс, Алер ​​и Антонио ќе стане уште помоќен.

Ериксен има договор со Интер до јуни 2024 година а тие планираат да го продадат „под цената“ во јануари, а доколку не успеат во тоа – ќе размислат за раскин на договорот, и да си замине без обештетување. Впрочем, истото го направија и со Наинголан и Марио, кои беа сосема здрави, но причината беше да го олеснат буџетот за плати.

Данецот како дете пристигна од Данска во редовите на Ајакс и одигра 163 натпревари за „копјаџиите“ и забележа 32 гола и 65 асистенции, а потоа во 2013 година се пресели во Тотенхем. Тој е дел од составот во Интер од јануари 2020 година.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!