Вие имате прво да ја знаете вистината

Бајден удри силно: Лидерите на Кина направија голема грешка, а потоа го обвини и Путин за неговото молчење!

Американскиот претседател Џо Бајден неприсуството на кинескиот лидер на самитот во Глазгов го оцени како голема грешка.

Ние се појавивме и со тоа влијаевме на тоа како остатокот од светот гледа на Америка и нејзините лидери. Тоа е огромен проблем а тие на тоа ја свртеа главата. Како можат да го направат тоа и да се нарекуваат големи лидери – изјави претседателот Џо Бајден на самитот COP26.

Џо Бајден во својот говор го спомна и претседателот на Русија, Владимир Путин, кога изјави дека го прави истото како и Кина, пренесува BBC.

Во Русија беснеат пожари, а Путин молчи за тоа, изјави Бајден.

Американскиот претседател се обиде да биде оптимист, велејќи дека повеќето светски лидери на овој самит гледаат можност да го „притиснат копчето за рестартирање“.

Тие знаат дека напредокот доаѓа од соочувањето со економијата на начин што влијае на целата идеја за тоа што ќе направиме со климатските промени, а ова е огромна можност за промена, изјави тој.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!