Еден од најпознатите актери на денешницата, познат по маестралната улога на Рон Вудраф во филмот Бизнис клуб Далас, утре го слави својот 52 роденден.
Метју Меконахи е роден на 4 ноември 1969 година во малото гратче Увалде во американската држава Тексас. Неговата мајка Мари Кејтлин била учителка во градинка, но и писателка која го учела, додека татко му Џејмс Доналд Меконахи имал бензинска пумпа, а играл и американски фудбал.
Благодарение на филмот „Mad and Confused“ од 1993 година, Меконахи се прослави преку ноќ, а по овој филм имаше низа улоги во филмовите, Масакр со моторна пила во Тексас, Време за убиство, Ловец на богатство, Злато, Господа, а за улогата во филмот Далас бизнис клуб во 2013 година доби Оскар.
Пред да се сретне со својата свршеница Камила Алвес, Метју важеше за голем заводник чие име се поврзуваше со голем број жени, меѓу кои и Сандра Булок и Пенелопе Круз.
Бев стар ерген. Уживав во животот што го водев, но знаев дека јас не можам така до крај, рече во едно интервју
Денес, овој актер води мирен, семеен живот со Камила, со која е во брак десет години.
Двојката се запознала во 2006 година во ноќен клуб во Лос Анџелес, а Камила подоцна изјавила дека не знаела дека тој е познат актер, бидејќи успешно се криел зад долгата брада и големата капа.
Тие се венчаа во 2012 година и имаат три деца, Леви, Виду и Ливингстон: Ништо не се промени од првиот ден до денес. Само ја обожавам, рекол тој.
Тој исто така изјави дека е многу верен на својата сопруга и дека не сака магијата што го маѓепса да престане: Малите изненадувања и малите знаци на внимание ви помагаат да го одржите огнот на љубовта, рече тој.