Вие имате прво да ја знаете вистината

Бранко Црвенковски снимен на терен, во кафани низ Македонија лобираше и работеше за пораз на СДСМ и Заев на изборите (фото)

Долго време го немаше во јавноста. Пред две години, кога имаше серија земјотреси, на социјалните мрежи се појави една фотографија каде се гледа Бранко Црвенковски како седи пред зградата каде што живее, излезен поради тресењето или како што викаат-треси Бранко, но тресе и земјотресот. Потоа правеше некои турнеи со политичките пензионери, како Филип Вујановиќ и Златко Лагумџија и што би рекле српските свештеници-тихуваше.

На парламентарните избори минатата година, а така беше и на претседателските избори 2019 ( но многу помалку бидејќи сепак сегашниот претседател на државата, Стево Пендаровски беше негов човек ) се обиде да му наштети на СДСМ и на Зоран Заев, но без поголем успех. Во декември се појави со пишана изјава, по интервјуото на Зоран Заев за БГНЕС, и го замрзна своето членство во СДСМ.

Но на овие локални избори Црвенковски и неговите луѓе беа вклучени и силно работеа за пораз на Заев и СДСМ на изборите. И сега имаа многу поголем успех во тоа.

Ние објавивме фотографија каде се гледаат главниот оперативец на Црвенковски, Горан Минчев како пие кафе со градоначалникот на Гостивар, Арбен Тарабари и со првиот човек на Алијанса на Албанците, Зијадин Села. Ни Минчев ни Таравари не ја демантираа таа средба.

Потоа ни беше доставена фотографија каде Горан Минчев во Куманово пие кафе со член на штабот на Максим Димитриевски и со поранешниот градоначалник на Куманово, Зоран Дамјановски Циц. И таа средба не беше демантирана.

Потоа беше објавена фотографија од блискиот соработник на Црвенковски, Игор Ивановски Шема, или како го нарекуваат мали Бранко, како е прегрнат со сопругот на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Не беше одговорено ниту демантирано дали братот на Ивановски бил шеф на штабот на Данела.

И на крај добивме фотографија на која се глада и Бранко Црвенковски како работи на терен. Снимен е во една винарија во регионот на Повардарието. На масата до него е поранешниот кандидат на СДСМ за градоначалник во Кисела Вода, на изборите во 2013 година, Љупчо Васовски, кој секогаш важеше за човек од голема доверба на сестрата на Бранко Црвенковски.

Инаку, Васовски е дел од менаџментот на една голема компанија во Македонија, која секогаш важела дека е поблиска до другата голема партија. А човекот спроти Црвенковски, на кого не му се гледа лицето, но според габаритот, може да биде или Зоран Јованов, популарниот Миравац или Горан Минчев.

Инаку, оваа фотографија е направена само неколку дена пред вториот круг на изборите.

Сега сликата за делувањето на БЦ е многу појасна, а таа негова активност сигурно е клучното камче во мозаикот на тешкиот пораз на СДСМ на изборите.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!