Вие имате прво да ја знаете вистината

Екстремните настани се новата нормала, “стаклениот балон” е пред експлозија (фото/видео)

Екстремните временски настани, вклучително и силните топлотни бранови како и разорните поплави, сега се новата нормала, пренесува Светската метеоролошка организација (СМО).

Извештајот за состојбата на климата како и климатските промени за 2021 година посочува дека светот се менува пред наши очи, пренесува BBC.

20-годишната просечна температура од 2002 година е на пат да се зголеми за 1,0 степени целзиусови над прединдустриските нивоа за прв пат.

Според објавената студијата, глобалното ниво на морето се искачи на нов максимум во 2021 година.

Овие најнови бројки за 2021 година беа објавени од Светската метеоролошка организација порано за да се совпаднат со почетокот на климатската конференција на ОН во Глазгов позната како COP26.

Студијата открива дека последните седум години, вклучувајќи ја и оваа, веројатно ќе бидат најтоплите во историјата, бидејќи емисијата на стакленички гасови достигна рекордно ниво на концентрации во атмосферата.

Придружниот пораст на температурите ја турка планетата на неистражена територија, се вели во извештајот.

Екстремните настани се новата нормала, изјави професорот на СЦО Петери Талас.

Постојат сè поголеми научни докази, а некои од нив го носат отпечатокот на климатските промени предизвикани од човечкиот фактор, посочи тој.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!