Вие имате прво да ја знаете вистината

Еве како реагираше Џенифер Лопез на средба со поранешната сопруга на Бен Афлек: Киселата насмевка кажува се (фото)

Џенифер Лопез и Бен Афлек се сретнаа со поранешна сопруга на Бен, Џенифер Гарнер во Малибу, а судејќи по изразот на лицето на латино дивата, средбата не била баш најпријатна.

Претходно тој ден, Афлек и Гарнер поминаа заедно време со своите деца во Хаклбери.

Сите се согласуваат, фокусот се секогаш нашите деца. Џенифер, Бен и Џенифер Гарнер сакаа децата да имаат неверојатна Ноќ на вештерките, изјави извор за магазинот People.

Потоа изворот додава дека децата се пријатели и дека сакале да бидат заедно на тој ден . Сепак, на фотографиите снимени за време на средбата се забележува „кисела насмевка“ на лицето на Лопез, додека поранешната сопруга на Бен подобро ја издржа средбата.

Гарнер и Афлек се родители на три деца – Вилот, Серафин и Семјуел. Тие се венчаа во 2005 година, а се разделија во 2015 година, а разводот официјално беше решен во октомври 2018 година.

Лопез и Афлек ја обновија својата романса во април оваа година. Лопез е мајка на близнаците Ема и Макс.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!