Вие имате прво да ја знаете вистината

Гладно дрво кое јаде се, една од најпопуларните атракции во Ирска (фото)

Доколку патот ве води кон Ирска, една од туристичките атракции што треба да се посети во Даблин секако е таканареченото „гладно дрво“.

Се проценува дека дрвото е старо околу 80 години, а пораснало така што изгледа како да „јаде клупа“.

Високо е 21 метар, а широко е три и пол метри.

Чинарот е засаден покрај метална клупа. Како што минувале годините, дрвото растејќи „проголтало“ дел од клупата која што била поставена во негова непосредна близина.

https://www.instagram.com/p/B5LPMsJhY-v/?utm_source=ig_web_copy_link

Неговата кора сега се прелева преку наслонот од клупата, правејќи ја да изгледа како седиштето да е сместено во самото стебло од дрво.

Сепак, тоа не е првото дрво кое „јаде сè“ што ќе му се најде на патот. Овој пример се има случено и со други дрвја ширум светот, а тие го направија истото кога ќе се соочат со пречка што им го попречува нивниот раст.

Шкотското велосипед-дрво, кој потекнува од 19 век, има присвоено неколку предмети. Покрај велосипедот по кој го и доби името, живее во „симбиоза“ со метален синџир и бродско сидро.

Се наоѓа во Loch Lomond and The Trossachs и е главна туристичка атракција. Се верува дека велосипедското дрво никнало во близина на местото на поранешен отпад на некоја ковачка работилница.

По смртта на ковачот во 1923 година, ковачката продавница се затвара а полето беше напуштено, што овозможило непречено растење на дрвото. Покрај десетина метални предмети кои беа закачени на гранките, дрвото го „изеде“ и велосипедот кој беше втиснат во неговата кора. Металот со кој живее воопшто не му пречи на дрвото и сепак служи како атракција за љубопитните туристи.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!