Вие имате прво да ја знаете вистината

Големата надеж на светскиот фудбал поради депресија ја завршува кариерата на 19 години!?

Изненадувачки и тажни вести доаѓаат од Италија.

Холандскиот играч за врска Мохамед Амине Ихатарен, член на Јувентус, како позајмен играч во Сампдорија, размислува да ја заврши кариерата на 19 години, пишува Calcomercato.

Ихатарен важи за еден од најголемите таленти во светот, тој минатото лето пристигна во Јувентус од ПСВ, а потоа беше проследен да се кали во Сампдорија.

Сепак, играчот кој експлодираше во ПСВ и веќе одигра 74 натпревари (10 голови), а потоа потпиша договор со старата дама до 2025 година, се бори со тешка депресија поради смртта на неговиот татко.

Последниве месеци размислуваше да го напушти фудбалот и исчезна од радарот на Сампдорија и Јувентус, откако се врати во татковината.

Ихатарен, кој потекнува од Мароко, тешко ја поднесе смртта на неговиот татко пред две години.

Останува да видиме кои ќе бидат следните потези на Сампдорија и Јувентус, односно како ќе вратат голема надеж на вистинскиот пат.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!