Вие имате прво да ја знаете вистината

Спектакуларни снимки од дрон, вулканот фрла лава на сите страни, крајот не се гледа (видео)

Вулканот Cumbre Vieja на шпанскиот остров Ла Палма продолжува да исфрла лава и пепел и по седум недели од првата ерупција.

Шпанска геолошка и рударска институција објави видео направено од дрон на кое се гледа неверојатната разорна моќ на вулканот. Многу околни области кои не беа во проценката за оштета од вулканот, се покриени со црн пепел.

Експертите наведуваат дека емисиите на сулфур диоксид се во голем пораст, во просек по 40.800 тони дневно, врз основа на што заклучуваат дека крајот на ерупцијата за жал е далеку.

Досега лавата зафатила 987,9 хектари од островот, а уништени се повеќе од 2.000 згради.

Регионалната влада на Канарските Острови проценува дека вулканот веќе предизвикал загуби од 100 милиони евра за бананската индустрија на островот, а таа е една од најважните економски сектори во Ла Палма. Економијата на Ла Палма во голема мера зависи од туризмот и од плантажите со банани. Туристичката индустрија веќе бележи големи загуби, а аеродромот Ла Палма е единствениот во Шпанија кој се очекува да забележи пад на летовите оваа зима.

Вулканот Cumbre Vieja е активен од 19 септември, а поради ерупцијата околу 7.500 луѓе од вкупно 85.000 жители на островот морале да ги напуштат своите домови и да бидат евакуирани.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!