Вие имате прво да ја знаете вистината

Испливаа фотографии од венчавката на Тома Здравковиќ со неговата трета жена. Кума им беше позната пејачка (фото)

Легендарниот југословенски пејач Тома Здравковиќ имаше необична животна приказна, а важен дел од неговиот живот беше понежниот пол, односно жените.

Тој се женел четири пати, а неговата трета сопруга Нада Радановиќ ја запознал на изборот за мис, кога таа целосно успеала да го маѓепса.

Неговата трета жена ја играше Милена Радуловиќ во филмот Тома, кој зборува за животот на Здравковиќ, а многумина тврдат дека Нада била всушност најголемата љубов на Тома, иако нивниот брак завршил со развод.

Тие двајцата се венчаа на островот на цвеќето во Црна Гора во 1972 година, а кума им беше Оливера Катарина. И покрај лудата љубов и страст, бракот не успеал да преживее. Се шпекулираше дека Тома бил очаен по падот, а набргу потоа заминал во Чикаго, Америка.

Неодамна на интернет почнаа да кружат фотографии од нивната венчавка, а многумина се согласуваат дека Нада навистина била убава жена.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!