Вие имате прво да ја знаете вистината

Јужна Италија се подготвува за големо невреме: училиштата се затворени! Венеција стравува од катастрофа!?

Поради најавеното големо невреме, училиштата и гробиштата како и други делови од градовите беа затворени во средата т.е. денес додека јужна Италија се подготвува за невреме.

Градоначалникот на Неапол Гаетано Манфреди одлучи да ги затвори повеќето гробишта и паркови поради опасност од паѓање на дрвата и конструкциите во градот, се вели во наредбата од општината.

Училиштата на популарниот остров Искија во Неаполскиот залив ќе останат затворени, изјави денеска градоначалникот Енцо Ферандино.

Цивилната заштита објави состојба за зголемено ниво на тревога во јужниот италијански регион Кампанија. Метеоролозите најавија дека се очекуваат обилни врнежи и големо невреме.

Властите во Венеција денеска предупредија од можност за нова поплава. Речиси 60 отсто од пешачките патеки се очекува да бидат под вода. Градот од 18 часот денеска планира да отвори сопствен систем за заштита од поплави.

Системот за заштита од поплави е наменет да ја заштити Венеција од природни катастрофи. Се состои од 78 бариери кои градот може да ги подигне на три влеза и е во функција од 2020 година.

Проектот е вреден милијарди долари за овој систем, но е многу контроверзен бидејќи се споменува корупција, но како и политичките и економските интереси кои долго ја одложуваат неговата изградба.

Експертите велат дека системот можеби ќе треба да биде активен во текот на целата година почнувајќи од 2075 година доколку има големи климатски промени – а со тоа и пораст на нивото на морето.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!