Вие имате прво да ја знаете вистината

Луксузно еко одморалиште – Се отвора првиот хотел на тркала во светот (фото)

Луксузен хотел на тркала од еко материјали ќе биде отворен оваа зима во Кингстон, во американската држава Њујорк.

Првиот хотел во светот, дизајниран да биде мобилен, ќе ги прими првите гости оваа зима во Кингстон.

Подвижните луксузни хотелски соби, дизајнирани за лесно поставување и преместување, на хотелиерите ќе им понудат можност да градат хотели побрзо и поодржливо. И како дополнителен бонус, тие ќе можат да го приспособат својот попис на собите врз основа на сезонската побарувачка.

Традиционалниот развој на моделите на хотели го покажа својот успех со генерации. Меѓутоа, сега животните навики и однесувањето на патувањето се многу променети. Ние ја водиме промената со нашите мобилни единици и технологија за да продолжиме да се прилагодуваме на трендовите, рече Џордан Бем. извршен директор на Moliving Inc., компанијата која стои зад оваа креативна идеја.

Луксузното еко-одморалиште ќе има 60 единици – секоја ќе биде долга 13 метри и ќе нуди околу 37 квадратни метри внатрешен простор.

Собите се изработени во модерен стил, со дрвени елементи и природни земјени тонови од рециклирани и еко материјали.

Секоја единица има и прозорци од подот до таванот, за да се обезбеди природна светлина и одличен поглед.

Хотелот е опремен со модерна технологија, па сите соби имаат паметни телевизори, безжични звучници, USB, wifi, а се претпоставува дека имаат сеф и бар.

По дебито во Кингстон, планирано е овој тренд да се прошири и на источниот брег во 2022 година, а кандидати за локации моментално се Мајами, Хемптонс, Нантакет, Хилтон Хед Ајленд.

Во Европа вакви хотели би можеле да добијат Франција, Шпанија, Италија и Португалија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!