Вие имате прво да ја знаете вистината

Меркел проговори за односот со Путин: Откри што мисли, тоа го сфатила уште во 2001 година, но една работа не очекувала да ја направи

Германската канцеларка во заминување, Ангела Меркел тврди дека уште во 2001 година, за време на говорот на рускиот претседател Владимир Путин во Бундестагот, сфатила дека има сериозни несогласувања со рускиот лидер.

Секогаш ми беше јасно, дури и тогаш, кога зборуваше во Бундестагот во 2001 година, дека има значителни несогласувања помеѓу нас. За рускиот претседател распадот на СССР е тажен настан, додека ние, напротив, се радуваме затоа што Студената војна заврши, како и поради германското и европското единство – изјави Меркел.

Меѓутоа, кога ја презедов функцијата, не можев ни да замислам дека ќе го анектира Крим и дека ќе има воен конфликт на истокот на Украина – практично до самите граници на ЕУ – изјави таа.

Кога станав канцеларка, БДП на Кина изнесуваше 2,3 илјади милијарди долари и беше под германскиот, кој изнесуваше 2,8 илјади милијарди долари. БДП на Кина денес изнесува 14,7 илјади милијарди долари, а нашиот порасна на 3,8 илјади милијарди долари – објасни таа.

Затоа треба стратешки паметно да ги градиме нашите односи. Треба да се бориме да го зачуваме нашето значење – додаде Меркел.

Таа смета дека сега „треба да се направи се за да се најде начин за обединување на Европа“.

На 25 септември 2001 година, Путин се обрати пред Бундестагот. Потоа потсети на старите традиции на руско-германските односи, придонесот на Германците во развојот на руската економија и култура, а меѓу другото се осврна и на прашањето за глобалната безбедност.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!