Вие имате прво да ја знаете вистината

Орбан разговараше со Салвини и полскиот премиер, ќе сакаат да ја преземат власта во ЕУ!?

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска одржа видео-конференција со полскиот премиер Матеуш Моравјецки и Матео Салвини, лидерот на Италијанската лига, посветена на основањето нова политичка групација во Европската унија, изјави портпаролот на Орбан, Берталан Хаваси.

Европските политички семејства на Италијанската лига, Партијата за право и правда (ПиС) на Моравјецки, Идентитет и демократија и европските конзервативци и реформисти, ќе ги продолжат разговорите за соработка оваа недела.

Орбан, Салвини и Моравјецки, исто така, го истакнаа успехот на декларацијата за иднината на Европа, заштитата на националните држави и традиционалните вредности, издадена од 16 партии во јуни, рече Хаваси. Неколку партии и политички организации изразија интерес за потпишување на документот.

Декларацијата, потпишана од претежно екстремно десничарски партии, предупреди на обиди да се создаде наднационална европска држава во ЕУ и повика на заштита на тоа што тие го гледаат како европски вредности, како што е улогата на традиционалното семејство и јудео-христијанските вредности како темели на Европа.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!