Вие имате прво да ја знаете вистината

Ова им преставуваше ноќна мора на поранешните претседатели на ФИФА и УЕФА: покренати обвиненија против двајцата!

Швајцарското обвинителство покрена обвиненија против поранешните претседатели на ФИФА, Сеп Блатер и УЕФА, Мишел Платини, за измама и други кривични дела.

Швајцарското обвинителство водеше истрага во изминатите шест години, за исплата на два милиони долари, откако Блатер како прв човек на ФИФА тие пари му ги исплатил на Платини за консултантска работа извршена во периодот од 1998 до 2002 година.

На нив ќе им се суди во следните неколку месеци пред федералниот кривичен суд во Белинцона.

Оваа исплата ја оштети ФИФА и доведе до незаконско богатење на Платини – се наведува во соопштението на швајцарскиот федерален обвинител.

Истрагата, која беше покрената во септември 2015 година, влијаеше на прераното заминување на Блатер (85) од позицијата прв човек на ФИФА, додека Платини (66), тогаш прв човек на УЕФА, мораше да се повлече од кампањата за претседател на Светската куќа на фудбалот.

Блатер и Платини негираа дека направиле нешто незаконско, повикувајќи се на усмен договор што го постигнале пред повеќе од 20 години.

Блатер е обвинет за измама, лошо управување, проневера на средства на ФИФА и фалсификување документи. Платини е обвинет за измама, проневера, фалсификување и соучесништво во лошо управување.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!