Вие имате прво да ја знаете вистината

Патување до Сонцето: Што ни откри вселенскиот брод Маринер 10 !?

На денешен ден, 3 ноември 1973 година, беше лансиран вселенскиот брод Маринер 10. 

Ова американско вселенско летало беше интересно поради неколку причини – тоа беше првото вселенско летало што го користеше принципот на гравитационата прашка, односно ја искористи гравитацијата на планетата Венера за да може да му помогне и да му овозможи да стигне до својата дестинација, орбитата на планетата Меркур.

Маринер 10 го користел и притисокот на сончевото зрачење со специјални соларни панели.

Интересно е да се забележи дека до 2008 година, Маринер 10 беше единственото вселенско летало кое успеа да ја фотографира површината на Меркур. Поминувајќи покрај Меркур, Маринер 10 откри многу детали, бидејќи Меркур не може да се набљудува со телескоп поради непосредната близината на Сонцето. Меѓу другото, откриено е дека Меркур има слаба атмосфера која се состои претежно од хелиум, и планетарно магнетно поле, но и дека јадрото на планетата е богато со железо.

Колку време му требаше на леталото да стигне до целта ? Неколку месеци – вселенскиот брод Маринер 10, беше лансиран во ноември 1973 година, ја помина Венера на 5 февруари 1974 година а стигна до својата дестинација Меркур на 29 март 1974 година.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!