Вие имате прво да ја знаете вистината

Пред само една година Бајден убедливо славеше во Вирџинија, а денес републиканците направија голем пресврт: Победа на Глен Јанкинг

Сојузната државата Вирџинија избра нов гувернер, републиканецот Глен Јанкинг, во голем пресврт успеа да ја однесе победата според проекциите на американските медиуми.

Тој има 2,1 отсто повеќе од демократот Тери Мекалиф, по 99 отсто од пребројаните гласови.

Мекалиф, беше гувернер од 2014 до 2018 година, тој до неодамна водеше на анкетите, но неговата популарност опадна.

Ова гласање се смета еден вид за „референдум“ за претседателската функција на Џо Бајден, а поразот видно ќе ги вознемири демократите, пишува BBC. Бајден постигна убедлива победа во Вирџинија на претседателските избори пред само една година, а денеска нештата се поинакви.

Во својот говор по победата, Јангкин вети дека веднаш ќе започне крупни чекори во трансформирање на државата.

Но не се тоа единствените добри вести, потенцијално повеќе добри вести за републиканците доаѓаат од оваа држава. Нивниот кандидат, Винсом Сирс, треба да стане првата жена заменик-гувернер со темна боја на кожата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!