Вие имате прво да ја знаете вистината

Москва ги отфрли критиките на Бајден кон Путин, не горат тундри и шуми само во Русија

Кремљ ги отфрли критиките на американскиот претседател Џо Бајден за рускиот претседател Владимир Путин дека не присуствувал на конференцијата на ОН за климатските промени во Глазгов.

Му гори шумата – буквално му гори шумата. Тој има сериозни климатски проблеми и не е подготвен да покаже подготвеност да направи нешто, изјави Бајден во вторникот за Путин и шумските пожари што го зафатија Сибир ова лето.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во денес (среда) изјави дека Москва не се согласува со карактеризацијата на Бајден. Потпаролот изјави дека руската делегација на COP26 активно учествува на самитот.

Руската климатска акција нема за цел да биде врзана за собирот. Ние, се разбира, не ја потценуваме важноста на собирот во Глазгов, но руските дејствија се конкретни, сериозни и добро осмислени – изјави тој.

Тундрата навистина гори. Да не заборавиме, сепак, дека шумите горат и во Калифорнија, како и во Турција и во многу други држави. Тоа се последиците од климатските промени со кои се соочуваме, а Русија, до одреден степен, се соочува со многу посериозни предизвици – заклучи Песков.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!