Вие имате прво да ја знаете вистината

Што прави директорот на ЦИА во Русија?

Директорот на Руската служба за надворешно разузнавање (СВР) Сергеј Наришкин на негово барање го прими во Москва директорот на американската ЦИА Вилијам Барнс.

Тие треба да разговараат за соработката во борбата против меѓународниот тероризам.

Во соопштението на СВР се наведува дека главна тема на разговор е борбата против меѓународниот тероризам, како и дека американската делегација пристигнала по наредба на претседателот на САД, Џозеф Бајден, пренесе ТАСС.

Рускиот совет за национална безбедност соопшти дека директорот Барнс вчера имал разговор за односите меѓу Москва и Вашингтон со секретарот на тој совет Николај Петрушев.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!