Вие имате прво да ја знаете вистината

Со двата гола против Аталанта, Роналдо продолжи да поставува нови рекорди, сега сите му гледаат во грбот

Уште еден одличен натпревар одигра Кристијано Роналдо во Лигата на шампионите против Аталанта во Бергамо во рамките 4. коло од Лигата на шампионите.

Португалецот успеа двапати да ја затреси мрежата на Италјанците, за да дојде до конечни 2:2, откако Аталанта на два наврати водеше со 1:0 и 2:1.

Така Роналдо синоќа успеа да стигне до бројката од 139 гола во Лигата на шампионите. А, веднаш зад него е големиот негов ривал, Лионел Меси со 123 постигнати гола во елитното натпреварување на стариот континент, додека Полјакот Роберт Левандовски има постигнато 81 гол и е на третото место.

Како тоа да не му беше доволно од рушење рекорди, Роналдо со овие  два гола стана најстариот играч во историјата на Јунајтед, кој два пати ја затресе противничката мрежа на натпревар од едно европско натпреварување. Кристијано успеа да го постигне ова на 36 години и 270 дена старост, велат статистичарите.

Топ 5 листата на стрелци во Лигата на шампионите изгледа вака:

139 – Кристијано Роналдо

123 – Лионел Меси

81 – Роберт Левандовски

73 – Карим Бензема

71 – Раул

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!