Вие имате прво да ја знаете вистината

Стерлинг го престигна Џерард, сега му се заканува на Лампард

Рахим Стерлинг го постигна голот против Бриж во 4. коло од групната фаза на Лигата на шампионите. Ова беше прв гол на брзиот фудбалер за Манчестер Сити во сите натпреварувања од август.

Конечно во листата на стрелци се запиша Стерлинг, кој со овој гол го престигна Стивен Џерард на листата на стрелци на англиските играчи во Лигата на шампионите.

Голот на Стерлинг вечерва беше 22. во Лигата на шампионите. Зад себе го остави Џерард кој постигна 21 гол во најсилното европско клупско натпреварување, а играчот на Сити сега му се заканува на Френк Лампард кој има 23 години.

Пред него се Пол Сколс кој постигна 24 гола и Вејн Руни кој постигна 30 гола во Лигата на шампионите.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!